Триумфот во првото коло над Брегалница (1-0), ги зголеми апетитите на “сините“ кои отпимистички патуваат во Скопје на мегдан со Маџари. На  контото скопјани имаат 21 бод, еден повеќе кој ги носи на десетото место. На клупата на популарните “ѕидари“ седи Раде Каранфиловски.

Во досегашниот дел од првенството по одиграни 17  кола имаат  шест победи три нерешени средби и осум порази, со гол разлика 17 дадени и 21 примени гола.

На домашен терен на стадионот Борис Трајковски, во осум кола петпати освоиле максимални три бода. Ѕидарите играат цврст фудбал а потврда за тоа е што не постигнале но ниту пак примиле повеќе повеќе од два гола на еден натпревар.

 1 коло Маџари С  Караорман 2-0
 3 коло Маџари С Дрита 2-0
 7 коло  Маџари С Н Милениум 1-0 
10 коло Маџари С Алумина 2-1 
16 коло
Маџари С Миравци 2-1

Два меча завршиле без победник и тоа со идентични 1-1.

5 коло   Маџари С Турново  1-1
14 коло  Маџари С  Слога Ј 1-1

Единстевниот пораз им го нанесе скопскиот ривал Локомотива .

9 коло  Маџари С  Локомотива 0-2

Ниту пак резултатите од гостувањата ќе дадат друга слика за ѕидарите. На деветте гостувања славеа само еднаш:

8 коло  Брегалница   Маџари С  0-2

Непоразени ја напуштија Автокоманда :

15 коло Металург  Маџари С  0-0

Додека седум пати гостинските терени ги напуштија со наведнати глави

18 коло  Караорман  Маџари С 2-1 
17 коло Вардар Д  Маџари С 5-1 
13 коло  Беласица ГЦ Маџари С 3-1
11 коло  Тетекс Маџари С 1-0 
6 коло Скопје Маџари С 1-0 
4 коло Влазрими  Маџари С 2-1 
2 коло Охрид  Маџари С 1-0

Првиот меѓусебен дуел во есенскиот дел охриѓани го добија со голот од пенал на Лошкоски.

 

Главен судија на мечот е  Мустафи Фатон, а ќе му помагаат:Дамјановски Миодраг и Љатифи Насуф.4 судија е Јовчевски Дарко сите од  Тетово. Натпреварот се игра во 14 часот.