Жителите на општина Дебрца денеска одржаа мирен протест во Годивско поле на локацијата каде е предвидено да се гради регионална депонија, на што тие се противат. Тие велат дека ова место е плодно земјиште кое ќе биде уништено доколку тука се изгради депонија, која според нив ќе претставува извор на загадување. Тие денеска ги изораа нивите во Годивско поле и порачаа дека нема да ја дадат нивната земја за изградба на депонија, најавувајќи дека нивната волја ќе биде потврдена на референдумот кој ќе се одржи на 15 октпмври заедно со локалните избори.

OhridNewsw