Бугарскиот судија Ангел Ангелов спасуваше жива глава на дерби натпреварот од бугарското првенство помеѓу Литекс Ловеч – Локомотив Софија.

Полицијата на натпреварот во 14-то коло од бугарскиот шампионат имаше полна капа работа да го одбранат главниот арбитар од жестоките напади на навивачите на Локомотив. Ангел Ангелов и претходно имал вакви грешки по што бил казнуван и бришан од листата на судии.

Фудбалскиот сојуз на Бугарија одлучи Ангелов да го пуштат на “ладење“ до крајот на сезоната.

Видеото од натпреварот е на следниов линк.

Мх.П.