На небото над Македонија синоќа можеше да се набљудува делумното затемнување на месечината. Затемнувањето започна во 21:35 ч. а максимумот беше во 23:10ч. кога 81% од дискот на месечината беше навлезен во земјината сенка, а останатиот дел во земјината полусенка.




Затемнувањето на месечината над Охрид

Затемнувањата на месечината се случуваат кога таа поминува низ сенката што ја фрла Земјата. Оваа природна појава можеше убаво да се набљудува со голо око и во Охрид.



ohridnews