Со натпреварот Бостон – Филаделфија кој заврши со победа на домашната екипа, ноќеска беше отворена сезоната 2018/19 во најсилната светската кошаркарска лига (НБА).

До триумфот со 105-87 Бостон беше предводен од Џејсон Тејтум со 23 поени, девет скока и три асистенции и Маркус Морис кој оствари дабл-дабл ефект – 16 поени и 10 скокови.

Кај гостите од Пенсилванија се истакнаа Џоел Ембид со 23 поени и 10 скока и Бен Симонс со 19 поени и 15 скока.

На другиот натпревар од првиот НБА-лигашки ден во новото првенство, шампионот Голден Стејт ја совлада Оклахома Сити со 108:100.

Вечер во 1 часот по полноќ почнува богатата НБА вечер која ќе понуди 11 натпревари.

OhridNews