Со видеото на минатогодишниот победник на 10-километарската трка во машка конкуренција Дарио Иваноски започна иновативната кампања на Атлетскиот викенд во Охрид, популарен како Охрид трчаТ !
Сопственикот на четири рекорди во македонската атлетика во видеото ги мотивира учесниците кои ќе бидат дел од второто издание и ги повикува оние што се двоумат веднаш да се пријават.
Минатата година Иваноски делницата од 10-километри ја помина со време од 34 минути и 9 секунди и со златни букви го испиша своето име во историјата во спортскиот настан број еден во Охрид.
OhridNews