Бранителот на трофејот во Копа Италија, Интер се “протна“ во 1/2 финалето откако беа подобри “пеналџии“ од Наполи. Натпреварот помина во знакот на Наполи но среќата му го сврте грбот во пенал рулетот.


Одигравме солиден натпревар, пласманот во 1/2 финалето е сосема заслужено. Имам само пофалби зборови за играта на Наполи тие приредија шоу за своите навивачи – смета капитенот на “неро-азурите“ Хавиер Занети.

По преземањето на кормилото на Интер од бразилецот Леонардо полека “неро-азурите“ играат во посакуваниот ритам.

Победивме благодарение на искуството на нашиот состав. Не размислуваме за ништо освен за наредниот натпревар што ни следува – заврши Занети.

OhridNews