Екстремно ниските температури кои изминативе неколку ноќи го зафатија Охрид придонесоа за замрзнување на приобалскиот дел на Охридското Езеро.
замрзна дел од Охридското Езеро
Ниските температури смрзнаа дел од водената површина на Езерото кај обновеното живеалиште на локвањот во непосредна близина на х. Милениум.
Оваа ретка појава им создаде големи проблеми пред се на птиците кои тешко се снаоѓаа на ледената површина.
Get the Flash Player to see this player.
Замрзнувањето на делови на Охридското Езеро е ретка појава. И порано се случувало да замрзнат делови од Езерото, но тоа некогаш целосно не смрзнало.
Горан Момироски
Васко Бујароски