Бразилскот ас Нејмар во редовите на Пари Сент Жермен го повреди десното стапало на мечот со Стразбур во Купот на Франција. Екипата на ПСЖ одма излезе со соопштение дека се работи за загрижувачка повреда и оти пред него стои рехабилитација.

Најскапиот играч во историјата на фудбалот ќе биде во трка со време комплетно да се опорави за дуелот со Манчестер Јунајтед на Олд Трафорд во рамките од 1/8 финалето во Лигата на Шампиони. До тој натпревар преостануваат уште три недели, а клупските доктори отпимисти се дека Нејмар ќе се опорави.

Поради иста ваква повреда Нејмар минатата година пропушти дел од сезоната во францускиот шампионат и реваншот со Реал Мадрид во ЛШ, а успеа да заздрави за настап на Мундијалот во Русија.

Стратегот на „светците“ Томаш Тухел му се налути на судијата, бидејќи не го заштитил Нејмар, а  од противничкиот табор изјавија дека со жонглирањето и трик потезите Бразилецот покажал непочитување.

OhridNews