Најмалку 22 лица ги загубија животите, а 50 се ранети во експлозија што се случи на крајот од концертот на американската пејачка Аријана Гранде, синоќа во англискиот град Манчестер. Полицијата експлозијата ја третира како терористички чин, а се сомнева дека нападот го извршил бомбаш самоубиец.
Нападот се случил додека присутните заминувале од концертот. На еден од излезите од арената која има капацитет од 21.000 гледачи се случила силна експлозија, по што меѓу присутните завладеала голема паника. меѓу загинатите и повредените има и деца.
Британската влада денеска ќе одржи вонредна седница, а во Манчестер и земјата подигнат е степенот на опасност од терористички напад и се преземаат засилени безбедносни мерки.
Аријана Гранде која не е повредена во нападот на социјалните мрежи изрази жалење за загубените човечки животи. „Жалам, скршена сум од болка“, напиша популарната пејачка.
OhridNews