Градското дерби помеѓу Рома и Лацио го оправда епитетот. Три голови, пресврт,  два пенали, црвен картон, “гладијаторска“ битка за секоја топка на теренот едноставно сите беа на висина на задачата. На крајот од натпреварот се радуваа фановите на Рома откако со 2-1 беа поуспешни од Лацио. Со оваа победа волчицата се врати на врвот во Серија А на четири кола пред крај.

Лацио поведе во 15-та минута преку  капитенот Томази Роки по одличната асистенција на Ледесма. На стартот од второто полувреме Флокари не успеа најстрога казна да ја претвори во солидна предност за лацијалите. Црногорскиот репрезентативец Мирко Вучинич од пенал го изендначува резултатот, по стартот на Коларов над бразилскиот интернациоанелц Родриго Тадеи. Мирко Вучинич е херој во “колосеумот“ откако го реши градското дерби. Вучинич со 11-от погодок во оваа сезона  од слободен удар го “сликаше“ чуварот на мрежата на Лацио Муслера.

Милан по поразот од Сампдорија се чекор назад во освојување на Серија А. Натперварот одлично започна за росонерите откако поведоа преку голот на Марко Бориело. Избраниците на Луиџи дел Нери во второто време нападнаа тоа вроди со плод во 54-та минута кога Бонера го собори Касано во казнетиот простор, Касано го изведува пеналот прецизно за 1-1. Пацини во истекот на судискотот продолежение погодува за комплетен пресверт и за голема радост на Луиџи Ферарис.

Резултати: Сампдорија – Милан 2-1, Аталанта – Фиорентина 2-1, Бари – Наполи 1-2, Каљари – Палермо 2-2, Катанија – Сиена 2-2, Парма – Џенова 2-3, Удинезе – Болоња 1-1, Лацио – Рома 1-2

Табела: Рома 71,  Интер 70, Милан 64, Сампдорија 57, Палермо 54, Јувентус 51