Српскиот претседател Александар Вучиќ и кандидат за нов мандат на претстојните избори во земјата, што ќе се одржат на 3 април, повторно излезе од фрижидер, овојпат во емисија во живо емитувана на телевизија „Пинк“.
Водителката во еден еден момент го отвори фрижидерот кој беше во студиото, од каде излезе Вучиќ со тегла корнишони.
Слично како и изборниот спот во кој Вучиќ излегува од фрижидер со корнишони во дом на млад пар и вешерашното необично појавување во емисија во живо предизвика силни реакции не само во српската јавност, туку и во целиот регион воопшто.
Воедно тоа беше и последното предизборно појавување на малите екрани на кандидатот Вучиќ пред молкот кој почнува во петок, а завршува со затварање на избирачките места во Србија во недела. Вучиќ и неговата Српската напредна партија – СНС, се фаворити на претстојните претседателски, парламентарни и локални избори.
Актуелниот српски претседател и лидер на СНС, најави дека ќе учествува во составувањето на нова влада, но оти после тоа ќе се повлече од претседателското место во партијата.
Десет години на чело на партијата е долг период, тоа е период во кој СНС никаде нема изгубено, што е неверојатно и време е некој друг да и се посвети“, изјави Вучиќ за Политика.
Тој додаде дека „изборната волја на граѓаните ќе биде толку јасно изразена што не може да биде појасна“.
OhridNews