Второлигашот  Дуисбург е првата екипа која избори пласман во финалето на фудбалскиот Куп на Германија.  Во полуфиналето како домаќин Диусбург со 2:1 го елиминира Енерги Котбус, стрелци на головите беа Мејенхофер во 24. и Баљак во 54 минута од натпреварот, додека конечниот резултат, со гол од пенал го постави Петерсон.

 

Противник во финалето на Дуисбург ќе му биде победникот од второто полуфинале помеѓу Баерн Минхен и Шалке 04.

Финалниот натпревар ќе се одигра на 21 мај во Берлин.