Дербито на 10-то коло од Бундес Лигата помеѓу Мајнц – Дортмунд му припадна на “милиониерите“ совладувајќи го домаќинот со 2-0. Гостите поведоа преку Гетц во 27-та минута, на почетокот од вториот дел фудбалерот на Мајнц, Полански не искористи удар од белата точка. Казната стигна по еден час игра, со погодокот на Бариос “милионерите“ ја потврдија победата и му го нанесоа вториот пораз на Новески и Мајнц во оваа сезона.


Македонскиот стопер во дресот на Мајнц, Николче Новески ги одигра сите 90-ет минути во поразот од сега веќе лидерот на табелата Борусија Дортдмунд.

Табела: Дортмунд 25, Мајнц 24, Леверкузен 18, Ајнтрахт 16, Хановер 16. . .