Рома пред полниот Олимпико со 2-1 ја совлада 18-та пласираната Аталанта. Џалоросите го искористија киксот на Интер и со триумфот над Аталанта го “загриза“ врвот во Серија А. Избраниците на Клаудио Раниери одлично го отворија натпреварот, поведоа во 10-та минута преку црногорскиот репрезентативец Мирко Вучинич, a по половина час игра Касети по одличната асистенција на Франческо Тоти зголемува на 2-0. Надеж за поволен резултат за гостите влеа погодокот на Тиробоки на почетокот од второто полувреме.


Милан на домашен терен ремизираше со Катанија играјќи 2-2. Катанија после првото полувреме имаше предност од два разлика со головите на Макси Лопез и Ричиути, росонерите со двата погодоци на Бориело успеа да се вратат во натперварот но нема сила за целосен пресврт.


Резултати: Рома – Катанија 2-1, Милан – Катанија 2-2, Болоња – Лацио 2-3, Јувентус – Каљари 1-0, Ливорно – Удинезе 0-2, Палермо – Киево 3-1, Сиена – Бари 3-2

Табела: Рома 68, Интер 67, Милан 64, Палермо 54, Јувентус 51