Рома е последниот патник во полуфиналето во италијанскиот куп. “Волчицата“ го елимнираше Јувентус и тоа на домашен терен со 2-0. Вучиниќ и Тадеи погодија за тимот на Клаудио Раниерири.

Во полуфиналето ќе се сретнат Милан – Палермо и Интер – Рома. Во оваа фаза од натпреварувањето ќе се играат и реванш натпревари.

Првите натпревари се ќе се играат на теренот на Милан и Интер на 20 април, додека реваншите кај Палермо, односно Рома се закажани за 11 мај.