Рома на Олимпико со 2-1 го совлада лидерот во Серија А Интер.  На седум кола до крајот екипата на Рома му доближи на -1 на Интер.

Капитенот на волчицата Даниеле Де Роси беше најснаодлив по корнерот во 16-та минута кој носи предност за Рома, по една спорна ситуација во 66-та минута Милито го изедначува резултатот, засилувањето во зимскиот преоден рок Лука Тони со одличен удар од шеснаесетникот го матираше голманот на нероазурите Жулио Цезар.

Резултати: Рома – Интер 2-1, Палермо – Болоња 3-1

Табела: Интер 63, Рома 62, Милан 59 (-1), Палермо 51, Сампдорија 47