1 час 15 минути 10 секунди по стартот на 36. Охридски пливачки маратон, маратонците стигнаа до втората контролна точка кај Св. Богородица Захумска каде водството го имаше Догукан Улач од Турција. Веднаш зад него беа нашиот Александар Илиевски и италијанецот Марко Инглима.

Следна точка до која пливаат маратонците е Пештани каде е едниот од двата летечки спринта, кои како новина беа воведени годинава со цел да има натпреварувачки дух по целиот тек на патеката.

Вториот спринт е кај Свети Стефан. Предвидени се награди од по 500 евра во машка и женска конкуренција.

До првата точка кај Љубаништа по околу 40 минути од означување на стартот првата тројка ја предводеше Александар Илиевски, а по него беа Догукан Улач од Турција и италијанецот Алесио Очипинти.

Н.С.Ј.

видео/фото. А. Момироска/ Б. Стојаноски