На  жешкото време секоја капка вода е вистинско освежување. Но водата (во капки) ја имаше во изобилство вчера на градскиот кеј. Веројатно поради дефект на регулацијата прскалките кои ги освежуваат тревнатите површини на кејот работеа под поголем притискок поради што се добиваше впечаток дека врне од ведро небо. Минувачите иако изненадени сепак немаа многу против да се разладат на жешкото сонце.

Прскалките вчера беа вистинско освежување на кејот

Васко Бујароски