Водата во Охридското Езеро е микробиолошки и хемиски исправна и со највисок квалитет, односно од прва категорија и тоа на примероците земени на 39 места на потегот од Свети Наум до Радожда, покажуваат анализите што секоја година во овој период пред летната туристичка сезона ги спроведува Центарот за јавно здравје во Охрид.
Благодарение на високата моќ на самопрочистување на Охридско Езеро којашто не е бесконечна сите примероци кои се земени од крајбрежниот дел 15 метри од брегот се со добар квалитет, сите анализи на примероците се од прва класа, освен еден кој е од втора класа. Тоа значи дека може да се користи водата за капење, спорт и рекреација бидејќи ги задоволува сите законски прописи. Очекуваме оптеретување со зголем број на гости, употреба на колекторскиот систем, чести дефекти и преливања на шахти што е појава која ја имаме и во текот на годината, но бидејќи немаме отповарување со луѓе кои ги користат водоводните и пумпни станици имаме помало загадување, но јули и август очекуваме по лош квалитет на водата, рече на денешната прес конференција директорот на Центарот за јавно здравје, Сашо Точков.
Опаѓање на квалитетот, вели, што не ништо ново, има во реките кои се влеваат во езерото Велгошка, Коселска и Сатеска каде водата од микробиолошки квалитет е незадоволител, а хемискиот квалитет спаѓа на трета класа, што значи дека се потенцијални загадувачи на Охридско Езеро.
Критична точка има кај мостот кај Билјанини извори, близу до хотел Милениум каде има цевка години наназад која се влева во каналот Билјанини извори, во Студенчишта и го загадува езерото.Тој квалитет на вода земен од примерокот на цевката е од петта класа и незадоволителен додека примерокот од самиот канал Билјанини извори е од трета класа хемиски, а микробиолошки незадоволителен. Во делот кај Трпејца каде нема колекторски систем искуството покажува дека луѓето се жалат на кожни промени или стомачни тегоби. Неможе да ја најдеме поврзаноста, но факт е дека селата од Пештани нагоре не се вклучени во колекторскиот систем, додава Точков.
Во однос на Струшкото крајбрежје, вели, минатата година деградација имало на места кај Радожда, Калишта, во текот на сезоната јули и август, и истото се очекува и оваа година бидејќи нема колекторски систем.
Потенцира дека има многу проекти за поврзување на колекторскиот систем, посебно и во Струга, но треба и да се намали се тоа што го оптеретува езерото, езерскиот еко систем и колекторскиот кој е со ограничен капацитет кој оддамна е надминат и не може да ги трпи сите пристисоци.
Н.С.Ј.
видео. Б. Стојаноски