Во Охрид започна снимањето на играниот филм „Дедо и внук“ на режисерот и сценарист Илија Пиперкоски. Филмот е дебитантско дело на Пиперкоски, кој до сега има режирано голем број кратки и документарни филмови.
Филмот има буџет од околу 400.000 евра, од кои дел одбезбеди Агенцијата за филм. Продуцент е Огнен Антов, директор на фотографија е Патру Паунеску од Романија, сценографијата е на Владимир Зафироски, костимограф е Жаклина Крстевска.
Главните улоги ги толкуваат Дејан Лилиќ и Салаетин Билал, а во актерската екипа се уште и Даниела Ивановска, Горан Стојаноски и други.
Филмот целосно ќе се снима во Охрид до средината на месец мај, а премиерно ќе биде прикажан во февруари 2018 година исто така во Охрид.
Интересно е тоа што овој филм се снима во истата куќа во стариот дел на градот каде е снимен филмот „Мирно лето“.
почна снимањето на филмот „Дедо и внук“ на охриѓанецот Илија Пиперкоски
Г.М.