Во главниот град на Кина Пекинг, официјално денеска беше ставен во функција новиот аеродром кој е во форма на џиновска морска ѕвезда. Се смета за најголемо и најмодерно воздушно пристаниште во светот. Изградбата траеше 4 години, а вкупната инвестиција се проценува на 63 милијарди евра.
Аеродромот кој се протега на површина од 70 хектари, го проектираше светски познатата архитектка Заха Хадид пред нејзината смрт во 2016 година. Дизајнот овозможува полесно транзитирање на патниците низ аеродромот. Така од било која точка до најодалечениот излез максималната оддалеченост е 600 метри.
Новиот аеродром во Пекинг, Кина
OhridNews