Нуркачите од Нуркачкиот центар „Амфора“ и Клубот за подводни активности „Охрид“ во соработка со Сојузот за подводни активности на Македонија, традиционално, денес ја накитија подводната елка во Охридското Езеро. По 16-ти пат, охридските нуркачи од водите на езерото посакаа среќни празници.

И годинава, поставувањето на елката беше посветено на децата со ретки болести кон кои беа упатени искрени желби за подобро здравје и надминување на проблемите.

Ова е еден наш придонес за нивна афирмација, подобро да бидат прифатени и со цел општеството да им помогне, изјави д-р Горан Балевски од Клубот за подводни активности Охрид.

Нуркачите на сите граѓани им посакаа почеток на една добра и среќна нова година.

OhridNews