ВМРО ДПМНЕ ја прослави победата во првиот круг на локалните избори, но се поизвесно е дека сепак ќе има втор круг. На плоштадот во еуфорична атмосефра пред голем број членови на ВМРО ДПМНЕ се обратија кандидатот за градоначалник Кирил Пецаков и носителот на кандидатската советничка листа, Сашо Донев.
Поминаа 4 години, но помина и оваа кампања од официјални 20 дена. Цел живот создаваш за да добиеш поддршка. И покрај се, и покрај многуте предизвици и работи кои сакавме да ги направиме, а не можевме. Изминаа 4 години, чесни со крената глава и достоинствено, ја побаравме поддршката на охриѓани и вечерва ја добивме.Времето ќе покаже на крајот на изброените гласови дали ќе има и втор круг. Победивме со 2100 гласа разлика. Народот е свесен дека на Македонија и се потребни промени, рече Пецаков.
Победивме со над 2000 гласа разлика, победивме за градоначалник, победивме на советничка листа од ВМРО ДПМНЕ и коалицијата, рече Донев.
Четири години се боревме заедно, сите ние овие четири години издржавме многу работи. Бидете горди и бидете со кренати глави. На никого не му се потчинавме, од никого ништо не побаравме. Бевме единствени иако сакаа да не разделат. Денеска уживајте во оваа победа бидејќи е Ваша. Георгиески изгуби на 95% од избирачките места во Охрид. Во следниот круг ќе го поразиме Георгиески со 4000 гласови, рече Донев.
Инаку според последните неофицијални резултати од аналитичкиот центар на ОК ВМРО ДПМНЕ Охрид, Кирил Пецаков има освоено 14 234 гласови, Константин Георгиески 12 262.
Вториот круг од изборите за градоначалник на Охрид ќе се трча на 31 октомври.
Н.С.Ј./Г.М./К.С