Карневалот во Вевчани оваа година се одржа во сенка на трагичниот настан во кој згасна 19-годишен живот. Иако бројот на маски беше значително намален, а музичко-забавниот дел откажан, маските што продефилираа низ вевчанските улици предизвикаа внимание, но и реакции во јавноста, според која, маската како Исус носи крст од пивски гајби претставува навреда на верските чувства, на што реагираше и црквата.

Г.М.

Видео: Бобан Стојаноски