Со голема парада на градскиот плоштад, охридските матуранти денеска го одбележаа завршувањето на средното образование.
фото: ДИГИТАЛ ФОТО МИКИ
Матурата на охридските средношколци им ја честиташе градоначалникот, Александар Петрески кој во своето поздравно обраќење рече дека Охрид се гордее со своите млади.
–Во овие моменти, вашиот валцер и разиграната младост, се најубавата порака што можеме да ја испратиме од историскиот Охрид до пријателите во Европа и Светот. Тоа е порака на космополитска припадност и упатеност едни кон други. Оваа парада на младоста е најдобрата порака за тоа дека Охрид и неговите граѓани се дел од Европа, нејзината култура, нејзината младост и иднина, рече Петрески.
Величествен танц на охридските матуранти
фото: ДИГИТАЛ ФОТО МИКИ