100 учесници од 14 различни земји беа дел од годинешното издание на „Lake Ohrid SUP Crossing“ што се одржа во водине на Охридско Езеро во организација на Paddle Klub.

Учесниците можеа со возење SUP даска на еден поинаков и тотално несекојдневен и различен начин да ги видат и доживеат природните убавини кои не опкружуваат, со целосна симбиоза и поврзување со природата на начин што многу ретко може да се сретне кај останатите аутдор спортски дисциплини, велат организаторите.

Оваа година имавме 3 категории и тоа, 23км Трка за веслачи со тврди даски и даски на дување како и 26км Авантура наменета за рекреативни веслачи. Апсолутен победник во професионалната трка од 23км кај мажите и оваа година беше Словенецот Лука Кожар (2h31m) а кај девојките пак победи 16 годишната веслачката Лена Новак од Полска (2h41m). Во трката со даски на дување најбрзо време кај мажите имаш Горан Смирчич од Хрватска (3h02m) а најбрза кај жените беше Тунде Моравцик од Унгариja (3h16m). На наше огромно задоволство, сите веслачи успешно стигнаа до целта без потешкотии и без откажувања, вели Дамјан Петрески, од Paddle Klub.

Инаку, Paddle Klub го организира „Lake Ohrid SUP Crossing“ четврта година по ред и со тоа нуди магична SUP авантура полна со сонце, свеж воздух, одлични луѓе и многу забава.

OhridNews