Позанти се шест од осумте патници во 1/4 финалето во најмасовното куп натпреварување во Европа, Купот Уефа.
Зенит го совлада Олимпик со 2-0 анулирајќи ја предноста по првиот меч и благодарение на голот во гости се најде во четвртфиналето.
Благодарение на двата гола на АОЛ Арената, Леверкузен патува понатаму и покрај поразот од Хамбург со 3-2. Резултатски неважен беше поразот на Баерн Минхен од Андерлехт со 1-2. Гетафе по вторпат ја совлада Бенфика, овај пат со 1-0.
Највозбудливо беше на Филипс Арената и на Гудисон парк. Тотенхем го надохнади дефицитот од 0-1 но немаше сили за комплетен триумф, губејќи од ПСВ 6-5 на пенали. “Карамелите“ на Гудисон Парк стигнаа до севкупни 2-2, но “виолетовите“ беа поконцентрирани при изведувањето на пеналите и со 4-2 одат понатаму.
Денес ќе бидат познати и преостанатите два патника по реванш натпреварите помеѓу Вердер – Ренџерс (0-2) и Спортинг – Болтон (1-1).