Рускиот Зенит од Ст. Петерсбург го реши прашањето околу патникот во полуфиналето, откако со 4-1 го совладаа на гости Баер (Л). Немаа фармацевтите против игра за Аршавин кој постигна еден и асистираше на уште два погодоци

Леверкузен – Зенит 1 : 4 (Кислинг 33`- Аршавин 20’; Погребњак 52’; Аниуков 61’; Десинов 64’)

По еден гол во двете мрежи постигнати на “Алианз арената“ во Минхен. Шпанскиот, Гетафе со голот на Контра во истекот на регуланите 90 мин се погрижи за израмнување 1-1 на мечот против Баерн . Тони во 26 мин му донесе предност на домаќините.

 

Идентичен резултат беше постигнат и на Артемио Франки на дуелот помеѓу Фиорентина и ПСВ Ајндховен (1-1). Муту во 56 – та минута го отвори, а Коеверманс во 63 – та минута го израмна резултатот.

 

Единствениот  четвртфинален дуел без голови, се одигра во Шкотска. Глазгов Ренџерс не створи предност пред реванш мечот со Спортинг од Лисабон.
 
Реванш натпреварите од четврфиналето се играат следниот четврток.