Норвешкиот претставник, Александер Рибак, со композицијата „Fairytale“, победи на изборот на песна за Евровизија 2009, што се одржа во Москва. Рибак кој важеше за голем фаворит однесе убедлива победа освојувајќи 387 бодови. Второто место го освои Исланд со 218 бодови, а трет беше Азербејџан со 207 бода. За Норвешка ова беше трет триумф на Евросонг, по победите во 1985 и 1995 година.
Александер Рибак е роден во Минск Белорусија во 1986 година, а пораснал во предградие на Осло, главниот град на Норвешка, која ја претставуваше на годинешниот Евросонг. Бил наречен чудо од дете, свири виолина и пијано од својата петта година, а исто така компонира и пее.
Чудото од дете победи на Евросонгот во Москва
Македонските претставници на Евросонгот, „Некст тајм“ иако имаа добар настап не успеаа да обезбедат пласман во големото финале. Евросонгот во Москва ќе остане запаметен по извонредното шоу проследено со многу визуелни ефекти и изнедаувања, какво што беше и стартувањето на телевоутингот од меѓународната свемирска станица. Следниот Евросонг ќе се одржи во Норвешка во мај 2010 година.