Твенте е новиот шампион во Холандија откако триумфираше на гостувањето кај НАК Бреда со 2-0. Избраниците на поранешниот селектор на англиската репрезентација Стив Мекларен беа прецизни по еднаш во двете полувремиња.

Единствениот конкурент на Твенте за насловот во “Ередивајс“, Ајакс славеше јалово на гостувањето кај НЕЦ со убедливи 4-0.

Резултати: АЗ Алкмар – ПСВ 1-1, Гронинген – Спарта 3-1, Утрехт – Витесе 2-2, Феенорд – Херенвен 6-2, Хераклес – Ден Хаг 4-2, НАК Бреда – Твенте 0-2, НЕЦ – Ајакс 1-4, Валвијк – Венло 1-2, Рода – Вилем 3-2.

Табела: Твенте 86, Ајакс 85, ПСВ 78, Феенорд 63, АЗ Алкмар 62.