Авион од типот Ербас 330 на компанијата „Туркиш ерлајнс“ ја промаши пистата при слетување на аеродромот во Катманду, Непал и заврши во блиското поле, јавуваат светските агенции. Авионот претрпел значителни оштетувања, а за среќа во инцидентот никој од 238-те патници не загинал, а нема ниту потешко повредени.

До несреќата дошло при втор обид на авионот да слета, откако претходно половина час кружел над аеродромот поради густа магла.

OhridNews