Јапонија ги брои жртвите од катастрофалниот земјотрес пропратен со разурнувачко цунами што го погоди североисточниот дел од земјата. Бројот на загинатите расте од час во час, десетици илјади лица се водат за исчезнати, а над 300 000 останаа без домови. Светот го потресоа хеликоптерските снимки на кои се гледа како цунамито буквално го брише од лицето на земјата гратчето Минамисанрик, каде oд 17000 жители за исчезнати се водат 9500. Во гратчето кое буквално е срамнето со земја не се урнати само три згради меѓу кои и болницата.

Јапонската влада вчера ја прошири зоната на евакуација на 20 километри откако силна експлозија го уништи заштитниот бетоснки ѕид во една од двете нуклеарни централи во Фукушима. Надлежните најпрвин уверува дека место за паника нема, бидејќи нуклеарните реактори биле затворени, но опасност да дојде до радијација постои затоа што  откажал системот за ладење на третиот реактор од централата.


Разурнат бетонскиот заштитен блок на еден од нуклеарните реактори

 
Земјотрес со јачина од 8.9 степени според Рихтер ја погоди Јапонија во петокот. Еден од најсилните измерени  земјотреси во историјата ја помести земјината оска за 10 сантиметри и го скрати траењето на денот.

OhridNews