Манчестер Јунајтед е вториот патник во финалето на Карлинг купот на Англија. Ѓаволите на Олд Трафорд го совладаа градскиот ривал Манчестер Сити (3-1). И  со севкупен резултат од 4-3 го букира билетот за Вембли. Граѓаните на Олд Трафорд дојдоа со 2-1 предност која неуспеаа да ја зачуваат и по 35 години остануваат надовор од трката за трофеј во англисктие купови.Финалето кое се игра на 28 февруар Манчестер Јунајтед ќе се сретне со Астон Вила.

Мирно се играше во првото полувреме кое помина во тактички надмудрувања без посериозни прилики за постигнување на погодок. Картите во вториот дел прв ги отвори Јунајтед кој поведе преку Сколс во 52-та минута, дваесет минути подоцна “ѓаволите“ стгина до предност од 2-0 откако Карик со прецизен удар го совлада чуварот на мрежата Шеј Гивен,резултат кој ги водеше во финалето. Но,  за да не е така се црвено на Олд Трафорд се погрижи поранешниот играч на Јунајтед, аргентинецот Карлос Тевез кој на десет минути пред крајот од натпреварот намали на 2-1. Но ако Сити го има Тевез, Јунајтед го има најдобриот стрелец во Премиер Лигата Вејн Руни кој со глава го матираше Гивен покажувајки кој е кој во Манчестер.