Во последниот натпревар од 36-то коло Ливерпул со убедливи 3-0 го совлада Вест Хем. Израелскиот репрезентативец Јoси Бенајун во 20-та минута го отвори резултатот, Нгог во 29-та минута зголемува на 2-0, додека конечните 3-0 ги постави Роберт Грин кој  постигна погодок во сопствената мрежа.

Со оваа победа црвените се наоѓат на 6-та позиција, а чеканите се 17-то место и имаат само три бода предност пред Хул кој е 18-ти во Премиер Лигата.

OhridNews