Некогашниот европски и светски првак Црвена Звезда е само бледа сенка од она што некогаш беше.“Црвено белите“ на чија клупа седи македонскиот тренер Чедомир Јаневски се избрукаа во дуелот со второлигашот Севојно.

Белграѓани загубија со 1-2 во полуфиналето и со тоа се простија од шансата со трофеј да ја спасат најлошата и најкритичната година од постоењето, проследена со многу проблеми, пред се на финансиски природа.