Франциузинот Жо Вилфред Цонга е првиот финалист на Отвореното првенство на Австралија. Тој во полуфиналето во три сета го елиминираше вториот носител, Рафаел Надал. Мечот траеше скоро два часа, а Цонга триумфираше со 6:2, 6:3 и 6:2.

Противникот на Цонга ќе биде познат по  второто полуфинале меѓу Новак Ѓоковиќ и Роже Федерер. Во женскиот дел на турнирот во финалето ќе играат Марија Шарапова и Ана Ивановиќ.

Шарапова во два сета со 6:3 и 6:1 за 68 минути игра успеа да ја елиминира Јелена Јанковиќ од Србија.Противникот  на Шарапова во финалето Ана Ивановиќ, ја совлада Даниел Хантукова од Словачка 0:6, 6:3 и 6:4.

Ohridnews