Најмалку три лица загинаа, а околу 50 се повредени на аеромитинг во американската сојузна држава Невада, кога авион од Втората Светска Војна што бил управуван од искусен пилот се урнал на трибина полна со гледачи.

Пилотот, 74-годишниот Џими Ливорд, кој учествувал во трка со авиони, изгубил контрола над леталото и удрил на работ од трибината каде што се наоѓале гледачите.


Според зборовите на очевидци, на местото на несреќата сликата била непријатна и местото наликувало како таму да експлодирала бомба.


Засега нема официјални поконретни податоци за бројот на настрадани и повредени во несреќата.

OhridNews
извор: „Макфакс“