Охридските кошаркари направија победничко сефте во Супер лигата триумфирајќи на гостувањето во Куманово со 79-66. Една од клучните алки во победата беше тројката на Мирза Ахметбашиќ со звукот на сирената на крајот од третата четвртина со која се одлепија на плус 13. Охриѓани ја задржаа предноста во четвртиот период и се израдуваа на првата победа.
Супер лига: Победнички лет на „галебите“ во Куманово (видео)
OhridNews