Манчестер Јунајтед го совлада Виган со 2-1 и дојде на чекор до третата титула во низа во Премиер лигата. За ваквото постигнување потребен им е бод во последните два натпревари, против Арсенал дома и Хал на гости.

По екипите на  Астон Вила, Тотенхем и Виган влезе во списокот  на “ѓаволите“ на тимови кои имаа предност на полувремето , но на крајот мораа да се помират со пораз. Тевез и Карик беа стрелци на головите во пресвртот на екипата на Сер Алекс Фергусон.

М.П.