Победите на Рома и Сампдорија и четирите средби кои завршија без победник го одбележеа 22-то коло од Серија А.

Рома во финишот на натпреварот стигна до вредна победа над Сиена 2-1, стрелецот на голот вреден три бода беше Окака Чука. Милан повторно разочара играјќи само 1-1 со Ливорно на Сан Сиро, Амброзини ги донесе во водство “росонерите“, конечните 1-1 ги постави Лукарели.


Резултати: Милан – Ливорно 1-1, Каљари – Фиорентина 2-2, Катанија – Удинезе 1-1, Киево – Удинезе 1-1, Рома – Сиена 2-1, Самподрија – Аталанта 2-0, Јувентус – Лацио 1-1.

Натпреварот Парма – Интер е одложен поради временски неприлики.