Песната „Euphoria“ на шведскиот претставник Loreen победи на изборот на песна  за Евровизија 2012, што се одржа во Баку, Азербејџан.  Loreen која важеше за голем фаворит ја однесе победата освојувајќи 372 бодови. Второто место го освоија руските бабички, а на третото место се пласираше српскиот претставник Жељко Јоксимовиќ. 
Македонската претставничка Калиопи имаше одличен настап во финалето и се пласира на 13 позиција.


Одличен настап на Калиопи на Евросонг

OhridNews