Три млади лица на возраст од 16 до 20 години ги загубија животите откако автомобилот во кој се возеле излетал од патот и паднал во реката Дунав во Белград. Според објавите во српските медиуми несреќата се случила рано утрово кај Ада Хуја, а во автомобилот имало вкупно шест лица.

Тројца од патниците успеале да испливаат од потонатиот автомобил, а од водата во текот на денешниот ден се извадени и безживотните тела на две момчиња на возраст од 18 и 20 години и 16 годишна девојка.

Возачот на возилото, кој е еден од спасените, веќе е кај истражен судија. Според првичните информации, тој ја изгубил контролата и слетал во реката.

OhridNews