Во страотната несреќа учествуваа Томизава, Скот Рединг и Алекс де Анџелис. Најтешко мина Томизава кој беше изфрлен од моторот во воздух, по што на него налета моторот на Рединг. Од последиците здобиени во несреќата, Шија Томизава почина во болница.
Во сенка на страотната несреќа мина трката и во најсилната класа, во која нова победа однесе шпанецот Дани Педроса, втор беше водечкиот во генералниот пласман Хорхе Лоренцо, а на подиумот се искачи уште и италијанецот Валентино Роси.