Капитенот на Рома, Франческо Тоти на синоќешниот натпревар од финалето во Копа Италија покажувајќи ја сета своја немоќ направи груб прекршок над Марио Балотели. Главниот арбитар Никола Рицоли немаше друг избор туку да му го покаже патот кон соблекувалната на “Принцот на Рома“

– Моменти на нервоза се случуваат на такви важни натпревари. Не можете секогаш да ги игнорирате и занемарите провокациите на теренот.


– Тешко е да се воздржите кога навредите стигаат секогаш од една иста личност. Го удрив Балотели затоа што ме навреди и за провоцирањето на публиката на Џузепе Меаце минатата сезона –  изјави Франческо Тоти

Интер во финалето на Копа Италија триумфираше над Рома со минимални 1-0.