Англиските премиерлигаш Ливерпул и Тотенхем ќе ги одмерат силите во финалето во Лигата на Шампиони кое ќе се одигра на „Ванда Метрополитано“ на 1 јуни. Тотенхем на Ливерпул во големото финале му се придружи после елиминацијата на Ајакс во 1/2 финалето благодарание на гол повеќе во гости, бидејќи вкупниот скор е 3-3.

„Петлите“ билетот за финалето во ЛШ го чекираа со спектакуларен пресврт во второто полувреме во режија на Лукас Моура. Бразилецот во 55-та и 59-та минута постигна два голови и го анулираше водството на Ајакс стекнато преку Матијас де Лихт и Хаким Живеш во првото полувреме.

На истекот од последните секунди од судиското продолжение Моура по трет пат ја погоди мрежата на Ајакс и ги изедначи бројките во вкупниот скор, а Тотенхем со гол повеќе во гости се „протна“ во финалето.

Ова ќе биде второ се` англиско финале во Лигата на Шампиони. Прв пат две англиски екипи за трофејот се бореа во 2008 година кога се сретнаат Манчестер Јунајтед и Челси. „Ѓаволите“ победија после изведувањето на пеналите.

OhridNews