Англискиот Тотенхем ја зачува предноста од првиот натпревар и по 0-0 на Вајт Харт Лејн го елиминираше седумкратниот првак Милан.


Росонерите го диктираа темпото на игра, креираа повеќе прилки но ударите на Робињо и Пато не успеаа да ја минат гол линијата. Во вториот дел домаќините се ослободија од грчот, но ниту во еден момент не беа опасни по голот на Абијати.

Последната прилика ја имаше Робињо, но Гомез ги спаси “мамузите“ од продолжение кои остварија голем успех во дебитантскиот настап со пласманот меѓу најдобрите осум во шампионската лига.

М.П.