Арсенал е новиот лидер во Англиската Премиер лига. Топџиите го искористија киксот на Челси, како и одложениот меч на Манчестер и по триумфот во Лондонското дерби над Фулам со 2-1 го запоседнаа врвот.




Самир Насри е јунакот на денот, кој погодувајќи ја два пати мрежата на Фулам ги лансираше топџиите. Уште еден фрустурирачки ден за Карло Анчелоти и неговите “сини“ кои мораа да се задоволат со 1-1 на домашен терен против Евертон. Дрогба до пенал отвори, додека Бекфорд во последните минути од мечот го изедначи резултатот.



Резултати:

Арсенал – Фулам 2-1, Бирмингем  – Тотенхем 1-1, Блекбурн – Вулверхемтон 3-0, Челси – Евертон 1-1, Мен Сити – Болтон 1-0, Виган – Стоук 2-2, Блекпул – Мен  Ју (одложено)


Утре играат:
14:30ч ВБА – Њукасл
17:00ч Сандерленд – Вест Хем

Понеделник
21:00ч Ливерпул – Астон Вила

Табела: Арсенал 32, Мен Ју 31, Челси 30, Мен Сити 29, Тотенхем 26,