Арсенал го скрши проклеството кое трае цели две години откако на Емирати со 3-1 го совлада градскиот ривал Челси. За избранаците на италијанецот Карло Анчелоти ова е “петта“ нула во првенството додека Арсенал “прелета“ на второто место во Премиер Лигата.


“Топџиите“ поведоа во 44-та минута преку камерунецот Александер Сонг, кој најдобро се снајде во мешаницата. Со погодоците на тандемот Фабрегас – Волкот во 50-та односно 53-та го фрлија на колена на шампионот. Надежта за “сините“ ја врати српскиот репрезентативец Бранислав Ивановиќ, но резултатот остана 3-1.