Арсенал е првиот финалист во Англискиот Карлинг куп. “Топџиите“ на “Емирати“ стадионот го совладаа Ипсвич со 3-0 и со севкупни 3-1 патуваат во финалето. Отпoрот на гостите по еден час игра го скрши Бендтнер, Кочиелни го дуплираше водството, а Фабрегас ја потврди победата.